Паје во договорот има клаузула која ги загрижува сите во Вест Хем


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најдобриот фудбалер на Вест Хем, Димитри Паје во договорот со лондонскиот клуб има клаузула за која до сега малку се пишуваше.

Францускиот репрезентативец во случај на испаѓање на Вест Хем од Премиер лигата би бил слободен да го напушти клубот за само 15 милиони фунти, што е прилично далеку помала сума од неговата реална цена.

Вест Хем оваа сезона игра катастрофално и се наоѓа на 17. место на табелата со 12 бода, што е само три бода повеќе од последнопласираниот Свонси.

Навивачите на Вест Хем со право се загрижени за опстанокот во друштвото на најдобрите, а Славен Билиќ и неговите фудбалери имаат задача под итно да се „разбудат“ и да се спасат од испаѓање, што ќе предизвика огромни финансиски загуби, а Французинот би бил само мал дел.

Кога станува збор за Паје, за него се заинтересирани неколку големи европски клубови, а се споменува дури и трансфер во Кина кој би можел да биде реализиран уште во јануари.