Барса и Јуве во трка за играч на Севиља!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Стивен Н’Зонзи инаку играч од Севиља како што ни кажуваат медиумите низ Шпанија е на мета на Барселона и Јувентус.

Тој игра сјајна сезона во Севиља и важи за еден од најдобрите играчи во шпанската најдобра лига.

Тимот од Андалузија сака 30 милиони евра колку што е и откупната клаузла за овој играч од кој Севиља и не би сакала да се опрости.

Во Севиља дојде летото 2015 од Стоук за 10 милиони евра, одигра 68 натпревари со седум постигнати голови.