Петарда за Волфсбург од Баерн Минхен, Милер после долго време погоди, Ројс повторно спасител на Дортмунд, заврши бајката на Лајпциг


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пет натпревари се одиграа од четиринаесетото коло од Бундеслигата.

Борусија Дортмунд се спаси на гости против Келн, 1:1. Во првото полувреме Рудневс му донесе водство на Келн. Финишот на натпреварот донесе уште едно возбудување, тоа беше погодокот на Марко Ројс кој го спаси Дортмунд од пораз. Келн го заврши натпреварот со фудбалер помалку бидејќи црвен картон доби Озкан.

Фудбалерите на Баерн Минхен го потопија Волфсбург со високи 4:0. Во период од четири минути Арјен Робен и Роберт Левандовски во првото полувреме постигнаа по еден погодок. Левандовски во второто полувреме го постигна вториот негов погодок на натпреварот, а Томас Милер после долго време успеа да затресе противничка мрежа. Даглас Коста ги постави конечните 5:0.

Хамбургер славеше минимално против Фрајбург, 1:0. Холтби во првото полувреме доби директен црвен картон и Хамбургер остана со фудбалер помалку на теренот. Гостите тоа не го искористија, а Кохр во второто полувреме доби црвен картон и се израмнија силите на теренот. Само две минути после црвениот картон за гостите, Костиќ погоди за победа на Хамбургер.

Лајпциг кој беше прв на табелата, за прв пат оваа сезона беше поразен и тоа од Инголштадт со 1:0. Роџер во 12-та минута го постигна единствениот погодок на натпреварот. Леки во финишот на натпреварот доби втор жолт картон и го остави Инголштадт со десет фудбалери на теренот. После денешниот пораз, Лајпциг го дели првото место со Баерн Минхен, но први се баварците.

Пеналот за Фрајбург му донесе победа против Дармштадт. Петерсен го постигна победничкиот погодок за својот тим.