Стоук поведе, па машинеријата на Венгер експресно ги среди, Хал во луд натпревар ги поделија бодовите со Кристал Палас


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од петнаесетото коло од Премиер Лига се одиграа уште четири натпревари.

Арсенал на Емирати запиша нова победа, жртвата беше Стоук, 3:1. После половина час игра на теренот беше досуден пенал за Стоук, а Чарли Адам погоди за водство на гостите. Волкот три минути пред крајот на првото полувреме израмни. Озил со погодокот направи пресврт, а резервата Ивоби ги постави конечните 3:1.

Барнли на Турф Мур го совлада Борнмут со 3:2. Во период од три минути во првото полувреме домашните постигнаа два погодоци преку Хендрик и Ворд. Афобе во финишот на првото полувреме го намали водството на Барнли. Бојд петнаесетина минути пред крајот на натпреварот ја осигура победата на Барнли. Даниелс пред крајот на натпреварот ги постави конечните 3:2.

Хал и Кристал Палас одиграа луд натпревар со два пресврти и два пенали кој заврши без победник 3:3. Снодграс од пенал погоди за водство на Хал. Во второто полувреме беше досуден пенал за гостите, а Бентеке израмни. Заха во 70-та минута му донесе водство на Кристал Палас. Две минути после погодокот на Заха, Хал го израмни резултатот преку Диоманде. Неколку минути подоцна Ливермор погоди за водство на Хал. Резервата Кембел во финишот на натпреварот погоди за бод на Кристал Палас.

Свонси убедливо славеше со 3:0 против Сандерленд. Сите три погодоци ги видовме во второто полувреме. Сигурдсон од пенал во 50-та минута погоди за водство на домашните. Четири минути подоцна Љоренте ја затресе мрежата на Сандерленд по втор пат. Шпанскиот напаѓач, Љоренте го постигна вториот погодок на натпреварот десет минути пред крајот на натпреварот за конечни 3:0.