Хет-трик на Варди за дебакл на граѓаните на Кинг Пауер – Раниери му одржа фудбалска лекција на Гвардиола


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Лестер на Кинг Пауер славеа со убедливи 4:1 против Манчестер Сити во натпревар од петнаесетото коло од Премиер Лигата.

Само после три минути игра на Кинг Пауер, Џејми Варди ја затресе мрежата на Клаудио Браво за водство на Лестер. Две минути подоцна Енди Кинг испрати торпедо кое не можеше да го одбрани Браво за зголемување на водството на домашните. Во 20-та минута Џејми Варди го постигна вториот погодок на натпреварот, трет за Лестер. Марез имаше шанса за погодок, но Браво овој пат одбрани. Гундоган во второто полувреме шутираше непрецизно. Хет-трик на Џејми Варди во 78-ма минута за огромни 4:0. Неколку минути подоцна Александар Коларов постигна фантастичен погодок од слободен удар за намалување на водството на лисиците. Нолито во 90-та минута ги постави конечните 4:2.

 

Лестер во следното коло му гостува на Борнмут, а Манчестер Сити на Итихад ќе го пречека Вотфорд.