И Мега Лекс на колена – Лабовиќ и Вркиќ за нова победа на Карпош Соколи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Карпош Соколи славеше против Мега Лекс со 75:72 во натпревар од тринаесетото коло од АБА лигата.

Фантастичен старт имаа соколите, гостите имаа катастрофална реализација. Првата четвртина им припадна на соколите, а на семафорот стоеше резултатот, 25:12. Во втората четвртина гостите пополека ја намалуваа предноста на кошаркарите на Мега Лекс и по подолго време го презедоа водството, 34:35. До крајот на првото полувреме кошаркарите на Карпош Соколи повторно го вратија водството, 38:37. Се менуваа водствата во третата четвртина, а во последните десет минути од натпреварот гостите влегоа со предност од три поени, 55:58. Вркиќ со погодената двојка му донесе водство на Карпош Соколи од 72:70 на минута и дванаесет секунди до крајот на натпреварот. Во нападот за зголемување на водството на соколите Мавра беше изблокиран, а Загорац погоди на другата страна го израмни резултатот, 72:72. Лабовиќ погоди за два поени дваесет секунди пред крајот на натпреварот за водство на соколите од 74:72. Загорац во следниот напад не реализираше, а Мавра беше фаулиран кој погоди едно слободно фрлање за конечни 75:72.

Лабовиќ со 28 поени го предводеше тимот на Карпош Соколи до победа. Вркиќ додаде 22 поени. Тејиќ со 15 поени беше најефикасен во тимот на Мега Лекс. Двоцифрени натпреварот го завршија и Спасојевиќ(12), Загорац(11) и Јарамаз(10).

Карпош Соколи во следното коло игра повторно на домашен терен, овој пат против Крка.