Повторно тој, повторно капитенот – Серхио Рамос јунак во тешката победа на Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид славеше против Депортиво Ла Коруња на Сантијаго Бернабе, 3:2.

Начо имаше шанса на стартот на натпреварот за погодок, но дефанзивцот на Депортиво успеа да изблокира. Хамес ја имаше најголемата шанса во првото полувреме за погодок кога излезе сам со голманот, но шутираше лошо и тоа беше лесен плен за голманот на гостите. Боргес на другата страна со глава ја погоди пречката. Мората во 50-та минута постигна фантастичен погодок од далечина за водство на Реал Мадрид. Резервата Хоселу и поранешниот мадридист постигна два погодоци во две минути и ги шокира навивачите на Реал Мадрид. Шест минути пред крајот на натпреварот Мариано Диаз со рамо го израмни резултатот. Во финишот на натпреварот човекот нарече 90-та минута погоди за водство и победа на Реал Мадрид, 3:2.

Зинедин Зидан постави рекорд, овој беше 35-ти натпревар во кој што не беше поразен.

Реал Мадрид во следното коло повторно игра на Сантијаго Бернабе, а ќе ја пречека Гранада.