Серхио АНЃЕЛ ЧУВАР Рамос – Сите знаеа каде ќе оди топката и пак ништо не му можеа (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид славеа на Сантијаго Бернабе против Депортиво Ла Коруња со 3:2 во натпревар од Ла Лига, а херојот беше Серхио Рамос.

Ова беше тешка победа за кралскиот клуб и Зинедин Зидан.

Мората постигна фантастичен погодок од далечина за водство на Реал Мадрид. Касемиро направи грешка, а Хоселу го казни тоа со погодок. Две минути после првиот погодок Хоселу постигна и втор погодок по контра на Депортиво. Мариано Диаз израмни, а херојот Серхио Рамос со глава од корнер му донесе победа на Реал Мадрид со која го остави во шест бода предност пред Барселона.

Исто така денес Зидан постави рекорд, 35 натпревари во низа без пораз.

Серхио Рамос уште еднаш докажа дека е вистински капитен и човек за решавање на натпреварите во кои има инфаркт завршница.

https://youtu.be/fbhTIdR-q7o