Немавме среќа? Време е да победиме

0

Ждребот на осминафиналето во ЛШ на Арсенал за противник му го донесе Баерн.

Лондонскиот клуб немаше среќа во Нион, меѓутоа кај Арсенал не недостасува оптимизам. Секретарот на клубот, Дејвид Мајлс изјави дека е време овој пат Арсенал да слави против Баерн Минхен.

„Ја поминуваме групната фаза 14-ти пат по ред. Тоа е порака која ја испраќа Арсенал и тренерот Арсен Венгер. Навивачите ќе помислат дека немавме среќа во ждребот, но време е овој пат среќата да е со нас и да го победиме Баерн“, изјави Мајлс.

 

Share.