Ѕвездите заедно ќе заминат од Дортмунд


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Играчот на Дортмунд и голем навивач на Реал, Обемјанг покажал желба да игра за Реал.

„Париз или Мадрид? Реал е поврзуван со моето семејство. Медиумите тоа многу го потенцираат, но вистина е дека сакам да играм за Реал. Но, среќен сум во Дортмунд, навистина ми е убаво овде. А воедно, не знам ниту дали ме сака Реал воопшто..“

„Ако ми се јави Реал еден ден, во ред. Ако не, нема врска, нема проблем.“

„Да и головите ги прославувам по пример на големиот напаѓач на Реал, Хуго Санчез. Но не повикав никого, само сум искрен кога ќе ме прашаат новинарите.“

Потврди дека и ПСЖ е заинтересиран за него.

„Да, имаше контакти со ПСЖ. Ако Ројс оди во Париз? Ќе мора да го земат цел пакет, Ројс и мене!“