„Вестбрук сеуште не е супер ѕвезда“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сопственикот на Далас повтори дека Вестбрук за него не е супер ѕвезда, но е на добар пат тоа да стане.

Овој април Кјубан изјави дека вистинската супер ѕвезда може да донесе просечен тим до 50 победи во сезона и да победи во една од плеј-оф сериите.

„Тој сега има бројки како супер ѕвезда, тоа е точно. Тоа е ѓаволски точно. Не ги негирам неговите достигнувања, тој е одличен и на малкумина им успеа тоа што го направи тој.“

Вестбрук до сега има 12 трипл-дабл, а просечно постигнува 31.1 поен, 10.9 скокови и 11 асистенции и на добар пат е да го оствари првиот услов на Кјубан од 50 победи.