Добар, лош, злобен: Погба против Погба


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ждребот за 1/16 во ЛЕ ги спои Манчестер Јунајтед и Сент Етјен, но воедно и тоа ќе биде дуел на браќата Погба.

Пол веќе почна да се загрева за дуелот, па на братот Флорентино му испрати „закана“ преку друштвените мрежи.

Кој го гледал познатиот филм сигурно му е позната сцената во која се Иствуд, Валах и Ван Клиф.

Пол Погба се потсети на филмот, па го промени видеото во кој главни ликови се тој и брат му.

Тие на 16-ти февруари ќе играат на „Олд Трафорд“ додека реваншот се игра шест денови подоцна во Сент Етјен.

За 23-годишниот Пол Погба, кој летово со најскап трансфер во светот премина од Јувентус во Јунајтед се е познато. Флорентин е три години постар, а започна да игра во Селта.

Постои и трет брат Погба, Матијас кој моментално ги брани боите на Спарта од Ротердам.

Видеото може да го видите тука.