“Случај Погба”- Во Торино одлучија што ќе прават!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пол Погба често пати се наведува како човек кој би можел да направи голем трансфер кој би го здрмал европскиот фудбал.

Еден од најдобрите млади фудбалери во светот и момчето на кое му се предвидува освојување на “Златната топка” кога ќе помине ерата на Меси и Роналдо, Пол Погба најверојатно останува во Јувентус.

Погба е фудбалер кој беше на мета на Реал Мадрид и Барселона, потоа и на двата тима од Манчестер. Сепак, Мино Раиола доби известување од Јувентус во кое јасно стои дека Погба ќе остане фудбалер на Јувентус и тука нема дилеми.

Јуве сака да се засили за следната сезона и имаат план и програма што треба да прават како понатаму да владеат во Италија, но и да направат исчекор во Европа, а Погба е само еден дел од тој план.

Информацијата дека Раиола бил известен од страна Јувентус дека Погба останува во Торино, ја пренесе Ди Марцио кој важи за еден од најреномираните новинари во Италија.

Значи, од “бомба” трансфер на Погба засега нема ништо.