(Фото) Најголемите 11 разочарувања во ЛШ оваа сезона, а ќе ги гледаме во нокаут фазата

December 14th, 2016 | by Vlatko
(Фото) Најголемите 11 разочарувања во ЛШ оваа сезона, а ќе ги гледаме во нокаут фазата
Лига на Шампиони
0

Завршена е групната фаза од Лигата на Шампионите. Познати се и паровите во осмина финалето, а меѓу најдобрите 16 екипи се Арсенал, Наполи, Барселона, Атлетико Мадрид, Монако, Борусија Дортмунд, Лестер, Јувентус, ПСЖ, Бенфика, Манчестер Сити, Баерн, Баер Леверкузен, Реал Мадрид, Порто и Севиља.

Почитуваниот портал „Squawka“ направи интересен избор – составот од 11 најлоши играчи кои сепак со своите клубови обезбедија пласман во осмина финалето во ЛШ.

На голот е Клаудио Браво, голманот кој ова лето пристигна во Манчестер Сити од Барселона. Во последната линија е неговиот соиграч Гаел Клиши, а тука уште се и Андреа Раги, Раул Албиол и Луис Хернандез.

Грегорш Криховјак од ПСЖ го предводи средниот ред, каде што уште се Јоргињо од Наполи и Стефано Стураро од Јувентус.

Откритието од минатата сезона во Премиер лигата, Џејми Варди исто така се пронајде во овој состав, а во нападот е со Костас Митроглу од Бенфика и Хавиер Ернандез од Баер Леверкузен

5851147e-c874-4f31-99dc-019a0a0a0a6b-2-previeworg

 

Comments are closed.

I Like SuperSport
Или почекајте 20 секунди