Македа има нов клуб!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се сеќавате ли на натпреварот на 5ти април 2009 година кога Манчестер Јунајтед играше со Астон Вила.

Јунајтед губеше 2:1 на 20тина минути пред крајот кога на местото на Нани влезе Македа кој имаше 17 години. Роналдо изедначи на 2:2, а во судиското надополнување Фредерико Македа постигна гол за победа.

Одтогаш наваму тој не успеа да направи ништо и да го достигне врвот на фудбалот, па се влечеше низ позајмици па во 2014 замина од Јунајтед и отиде во Кардиф.

Дури ни таму не се снајде, беше во Нотингем Форест на позајмица па денеска има нов клуб.

Тој од денеска е нов играч на Новара која игра во Серија Б.