Челси пронајде замена за Куртоа?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека Антонио Конте е спремен да ги разгледа понудите за Белгиецот и дека “Сините” веќе избрале голман кој би можел да го чува голот на Челси во наредната сезона.

Според последните информации кои пристигнуваат од “Островот” на радарот на Челси е Ахмед Ел-Шеневи.
Овој 25 годишен чувар на мрежата на Египет е член на Земалек и важи за еден од најдобрите афрички голмани.

На “Стенфорд Бриџ” ситуацијата со голманите е турбулентна, Асмир Беговиќ е незадоволен што е резерва на Куртоа, но и Конте е спремен да го продаде одличниот Белгиец.

Се очекува еден од нив двајца да замине ова лето и тоа е причината што Ел Шеневи е актуелна тема на “Стенфорд Бриџ”.

Сумата на овој трансфер би изнесувала околу три милиони фунти.