Јанц и Жвижеј го торпедираа Металург – Нов пораз на клубот од Автокоманда


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ракометарите на Целје славеа со 34:28 против Металург во натпревар од СЕХА лигата.

Крстевски и Обрадовиќ погодија за 2:4. Домашните преку Мачковшек и Потеко го израмнија резултатот. Металург повторно имаше два погодоци предност, но брзо се враќаа ракометарите на Целје и го израмнуваа резултатот. Со серијата од три погодоци на Јанц, Зарабец и Бечири, Целје стигна до првата поголема предност, 3 погодоци, 14:11. На полувреме се замина со 17:15 за словенечкиот клуб. Металург преку Палевски и Велковски во 40-та минута од натпреварот намалија на еден погодок негатива, 21:20. Ракометарите на Целје направија неколку серии од по два погодоци и на крајот заслужено славеа со 34:28.

Жвижеј со 9 погодоци и Јанц со 8 погодоци го предводеа тимот на Целје до победа на денешниот натпревар. Обрадовиќ со 7 погодоци беше најефикасен во тимот на Металург. Пешевски и Палевски постигнаа по 5 погодоци.