Никој не е над законот: Светскиот шампион во затвор


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Светскиот шампион во супер-лесна категорија, Теренс Крафорд ќе мора да биде во затвор 90 денови.

Американскиот боксер е казнет со 90 денови затвор, 2 годишна условна казна и 120 часови друштвено корисна работа поради насилничко однесување и уништување на туѓ имот.

Казната му беше пресудена само 5 денови откако го победи Џон Молина и ги потврди ВБЦ и ВБО титулите.

Крафорд се очекува да помине 50 денови во затворот во Небраска.

Крафорд во април направи инцидент во работилницата во која го донесе својот автомобил Шефролет од 1984 на фарбање. Најпрво платил половина од трошоците, а кога работата била завршена, одбил да ја плати останатата сума бидејќи не бил задоволен од услугата.

По кратката караница со сопственикот, Крафорд со сила се обидел да го земе својот автомобил.

Крафорд во кариерата имаше 30 борби и 30 победи од кои 21 со нокаут. Ќе мора да почека 90 денови за да продолжи со својата кариера на професионален боксер.