„Ако го победам Кличко, ќе станам легенда“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


ИБФ шампионот, Ентони Џошуа верува дека победата против Кличко во борбата на 29-ти април би го направила легенда.

„Пред мене е борба која може преку ноќ да ве направи легенда. Тоа е борба која ќе биде во центар на внимание на многу луѓе, тоа е тип на борба која ќе го смени начинот на кој те гледаат луѓето во индустријата.“

Џошуа е олимписки шампион и победи во сите 18 досегашни професионални борби, а во дуелот со 41-годишниот Украинец, влог ќе биде неговиот ИБФ појас, како и ВБА појасот.

Кличко со поразот од Фјури во ноември 2015-та година ги изгуби ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО појасите, а претходно не беше поразен 11 години.

По суспензијата на Фјури, ВБА, ВБО и ИБО титулите останаа слободни.