Ова момче е приоритет на Жозе Мурињо на трансфер пазарот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Менаџерот на Манчетер Јунајтед е во потрага по централен дефанзивец кој заедно со Ерик Бејли со години би биле пред Де Геа во Јунајтед.

Пртугалецот уште минатото лето зборуваше, и покрај ангажманот на Бејли, дека сака уште еден дефанзивец. Таа желба тогаш не му беше исполнета, па поради тоа управата ќе се обиде да ангажира уште еден дефанзивец во јануарскиот трансфер период.

Мурињо им кажал на управата дека приоритет му е дефанзивецот на Бенфика, Виктор Линделоф. Младиот Швеѓанец го привлече вниманието на многу големи европски клубови, но од Бенфика не сакаат да го пуштат оваа зима.

Имено, тие се уште се во ЛШ, и се наведува дека сите понуди што пристигнале на адресата за неговите услуги се одбиени. Тоа би можело да го присили Мурињо да погледне во друга насока, бидејќи јасно е дека еден централен дефанзивец по негов вкус му е потребен во што најкраток можен рок.

Во моментов е во проблеми бидејќи на споменатата позиција, првиот избор Ерик Бејли ја обнови повредата, Крис Смолинг не го задоволи, па сега Мурињо се потпира на Рохо и Џонс.

Поради споменатата ситуација, подобро за Јунајтед би било да реагираат уште во јануари, но сега е јасно дека тогаш нема да можат да ја донесат големата желба на Мурињо.