Конте во јануари ќе пазари со парите од продажбата на Оскар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Сините“ ќе заработат повеќе од 60 милиони фунти од трансферот на Оскар во Шангај СИПГ, можеби ќе заработаат и повеќе доколку кинескиот клуб пронајде заеднички јазик со агентот на Џон Оби Микел, а тој прилив на пари ќе биде за засилувања во претстојниот трансфер период.

Тоа го потврди и самиот Антонио Конте.

„Зборував со луѓето од управата, им ги објаснив во детали своите желби. Добрата комуникација помеѓу сите структури на клубот е предуслов на донесување нова одлука“, изјави италијанскиот стратег, но не откри ниту еден играч кој би сакал да го донесе.

Вчера протекоа информации дека би можело да биде Уругваецот од Џенова, но од Западен Лондон нема потврда за тоа.

Челси е лидер на табелата во Премиер лигата по 16 одиграни кола, ако можеме да веруваме на традицијата, титулата во пролет ќе се прослави на „Стемфорд Бриџ“, а олеснување за да се исполни оваа цел е тоа што „Сините“ оваа сезона немаат обврски на меѓународната сцена.