Мурињо лут на управата на Јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо е незадоволен од пасивноста на раководството на клубот во актуелниот преоден рок.

Англиските медиуми наведуваат дека Португалецот сака што порано да ги „затвори“ клучните позиции  во тимот и почетокот на подготовките да го го дочека со екипата на која во најголема мерка и ќе смета во наредната сезона.

Меѓутоа, челниците на клубот од Олд Трафорд не можат така лесно да постигнат договор со играчите кои им се интересни, вклучувајќи и Златан Ибрахимовиќ и Хенрик Михтаријан.

Последните информаци се дека Црвените ѓаволи за играчот за врска на Борусија Дортмунд нудат 32 милиони евра.

Мурињо, наводно, е најмногу лут на извршниот директор на Јунајтед Ед Вудворд.

Од доаѓањето на португалскиот стручнак трофејниот клуб го засили само Ерик Баили од Виљареал за 38 милиони евра.