Венгер: Натпреварот против Сити ќе биде уживање за љубителите на фудбалот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Следното коло во англиската Премиер лига ќе го донесе и дербито на Етихад помеѓу Манчестер Сити и Арсенал.

На табелата Арсенал има еден бод повеќе и на Етихад оди по поразот од Евертон, а во пресрет на натпреварот, Арсен Венгер изјави дека дуелот против Сити ќе биде уживање за навивачите на двата тима.

„Мораме да реагираме на поразот со позитивен резултат. Верувувам дека сме во конкуренција за титулата, а во такви ситуации кога ќе разочараш мораш да одговориш на вистински начин. Секој натпревар во Премиер лигата е различен и на посебен начин тежок и неизвесен“, изјави Венгер.

„Она што се очекува од големите натпревари е да одговориш на очекувањата. Верувам дека двата тима се способни за тоа, па очекувам голем натпревар и посебно искуство за луѓето кои го сакаат фудбалот“, додаде менаџерот на Аренал.

Во последните седум натпревари Арсенал е без пораз од Манчестер Сити.