Конте – Се ќе знаеме во следните денови


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Оскар во јануарскиот преоден рок би требало да го напушти Челси.

На адреса на Челси пристигна понуда од 60 милиони евра од Шангај СИПГ и изгледа дека тоа клубот од Стемфорд Бриџ нема да го одбие.

Тренерот на Челси, Антонио Конте порача дека се ќе се знае во следните денови.

„Ситуацијата околу Оскар ќе биде позната во следните денови. Тој сезоната многу добро ја почна со нас кога игравме формација 4-3-3. Потоа кога ја променив формацијата, тој не играше многу. Сепак, секогаш сметав на него бидејќи Оскар е многу добар фудбалер“, изјави Конте.