Шок за Гвардиола – Сити без петмина стандардни во дербито


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пеп Гвардиола нема да може да смета на петмина за дербито против Арсенал.

Во недела се игра големото дерби помеѓу Манчестер Сити и Арсенал на Итихад.

Гвардиола на прес-конференцијата потврди дека Гундоган заработи тешка повреда и ќе биде долго отсутен.

Покрај него ќе го нема ниту Компани кој се опоравува од повреда.

Се разбира дека списокот тука не завршува, Фабијан Делф исто така не е во состојба да игра.

Кога ќе ги додадеме и двајцата суспендирани фудбалери, Агуеро и Фернандињо тогаш доѓаме до заклучок дека Сити ќе има големи проблеми против Арсенал.