Вардар со победа во последниот натпревар оваа година – Мешков Брест на колена пред црвено-црните


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ракометарите на Вардар славеа со 30:35  во натпревар од СЕХА лигата против Мешков Брест.

Црвено-црните одлично го започнаа натпреварот. Два погодоци на Дујшебаев, по еден на Чупиќ и Борозан за водство од 2:6. При резултат 7:9 ракометарите на Вардар постигнаа шест погодоци во серија за огромно водство од 7:15. На полувреме на семафорот стоеше 12:19.

Домашните ракометари во второто полувреме го намалуваа водството на вардарци. Најмногу што направија беше четири погодоци негатива во 48-ма минута кога Џамали и Кристопанс постигнаа два погодоци во серија, 24:28. Во кризните минути на лидерот на табелата во СЕХА најмногу помогна Петар Ангелов кој беше фантастичен на голот на Вардар. Стоилов и Шишкарев погодија за да ја обезбедат победата на Вардар, 27:33. Црвено-црните на крајот запишаа победа од 30:35.

Тимур Дибиров, Алекс Дујшебаев, Игор Карачиќ, Иван Чупиќ и Вуко Борозан беа најефикасни во тимот на Вардар со по 5 погодоци. Најголем придонес за денешната победа имаше Петар Ангелов кој запиша 5 интервенции. Кај Мешков Брест најефикасен беше Стојковиќ со 7 погодоци.

За Вардар ова беше последен натпревар за 2016-та година и ја затворија на најдобар можен начин.