Да се знае кој е шеф! Играчите целосно го слушаат!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер го победи Вест Бром со 2:0 во гости, Ибра има 16 погодоци во сите натпреварувања, 11 повеќе од било кој друг во тимот.

Ибра има 7 голови во последните 6 натпревари а само Руд ван Нистерлој има постигнато повеќе во првите 16 натпревари во ПЛ (12).

Руни има пак 9 асистенции, исто така повеќе од било кој.

„Одлични сме. А Ибра, па тоа и го очекував од него. Не ни мислев дека доаѓа за пари и престиж. Тој дојде да игра во најдобрата лига“ – вели Мурињо.

„Поразот од Фенорд ни ги расипа плановите. Донесе морски бранови во тимот но и тоа го средив“

Играчите по денешниот натпревар ги фрлија дресовите во публиката

„Јас им реков да го направат тоа. Доаѓа Божиќ и секој сака да има дрес на некоја звезда од натпреварот. И онака ќе ги подареа на некој пред соблекувалната“

„Да се победува е едно, а квалитетно е друго“

За судијата рече дека судел добро во еден тврд дуел, а тренерот на ВБА рече дека Ибра би требало да биде исклучен, а Мурињо на тоа врати во свој стил:

„Прашајте ги тие 28.000 гледачи што мислат за тоа“