„Ме радува предизвикот со Лоренцо“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Возачот на Дукати, Андреа Довициозо изјави дека се радува на тоа што ќе вози со Лоренцо.

„Многу сум среќен поради предизвикот, многу е важно што во нашиот тим доаѓа некој со големо искуство и некој кој беше светски шампион.“

Довициозо се сети на борбата со Шпанецот во пониските категории.

„Се боревме и во категоријата до 125 кубика, па до 250, а сега ќе бидеме на ист мотор. Многу сум заинтересиран да видам како ќе вози тој, бидејќи ова е поинаков мотор од тој на Јамаха.“