Косово прв противник на Македонија во претквалификациите за СП


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Најдобрата репрезентација на Македонија претквалификациите за учество во квалификациите за Светскиот шампионат во Кина ги започнува на нашиот најголем празник на Илинден на 2 август 2017 година на гостински терен против соседот Косово. Во 2 коло од Групата Ц на 5 август црвено жолтите ќе го одиграат првиот меч на домашен терен, гостин на Македонија ќе биде селекцијата на Естонија.

Четири дена подоцна на 9 август  во Групата Ц ќе играат Естонија и Косово.

На 12 август во 2017 година нашите најдобри кошаркари ќе го пречекаат  составот на Косово, последниот натпревар во претквалификациите македонската репрезентација го игра на 16 август 2017 на гости кај Естониија.

Првите две селекции од групата Ц обезбедуваат пласман во квалификациите за Светското првенство во Кина во 2019 година.