Исланѓаните: Роналдо, дали смееме сега да славиме?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Репрезентацијата на Исланд се апсолутен хит од стартот на Европското првенство, но очигледно дека само дебитанското учество не беше доволно за потомците на Один и Локи.

„Викинзите“ во понеделникот навечер го шокираа комплетниот свет, една од најголемите сензациии во поновата фудбалска историја – исфрлувајќи ја Англија во осмина финалето.

Гордиот Албион поведе веќе во четвртата минута преку Вејн Руни од оправдано досуден пенал, но прво Рагнар Сигурдсон две минути подоцна и Колебеин Сикторсон веќе во 18 минута донесе апсолутен пресврт на својот тим.

Англичаните до крајот на дуелот пробуваа да стигнат до израмнување, но делуваа поприлично без идеа и без вистинска шанса за погодок.

Исланѓаните истотака и понатака не знаат за пораз на своето деби на голема сцена, поради тоа што во групната фаза ја совладаа Австрија (2:1), односно ремизираа два пати со Унгарија (1:1) и Португалија (1:1).

Токму после првиот дуел на Завршниот турнир и дојдоа во центарот на вниманието, кога Кристијано Роналдо беше изнервиран од резултатот, но и славјето на Исланѓаните кое следеше.

Тој тогаш се чудеше, истакнувајќи дека не му е јасна толкавата радост, како да освоија нешто, а тие сега „културно“ го прашаа дали смеат да го прослават пласманот меѓу најдобрите осум селекции во Европа.

На страна тоа што Англичаните беа очајни, Исланѓаните ги заслужуваат сите пофалби за бескомпромисна борба од првата до последната минута.

Бајката „Викинзите“ продолжува да трае, а наредната страна од приказната ќе ја добиеме во недела, кога од 21:00 часот ќе играат полуфинале со домаќинот Франција.