Рома донесува големо засилување од Премиер лигата?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рома во јануарскиот трансфер период би можела да донесе едно големо засилување.

Како што пишуваат британските медиуми, целта на Рома е фудбалерот на Свонси, Гилфи Сигурдсон.

Исландскиот репрезентативец игра добра сезона и во 17 натпревари во Премиер лигата постигна пет гола со исто толку асистенции, а неговата вредност се проценува за околу 20 милиони евра.

Менаџерот на Свонси, Боб Бредли по секоја цена сака да го задржи Исланѓанецот во екипата со оглед на тоа дека екипата ја чека тешка битка за опстанок, но Сигурдсон сакал европски авантури.

Гилфи Сигурдсон во својата кариера настапуваше за Ридинг, Хофенхајм, Тотенхем, а евентуален трансфер во Рома би му бил прв ангажман во Серија А.