Навивачите незадоволни, Милан продолжува со старата политика


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


На мета на Милан повторно се наоѓа еден играч од Серија Б.

Извршниот директор на Милан Адријано Галијани потврди, по кој знае кој пат, дека Милан ни во овој преоден рок нема да троши многу пари.

Тој потврди дека желба на Милан е фудбалерот на Асколи Рикардо Орсолини, кого истотака го следат Јувентус и Вотфорд.

„Орсолини нас многу ни се допаѓа. Тој е многу добар фудбалер, левоног кој игра по десната страна и може да биде добра алтернатива за Сусо. Сепак, сеуште не постигнавме договор“, рече Галијани.

Да потсетиме, Милан и во летоо доведе второлигашки играч, напаѓачот Џанлука Лападула од Пескара, после што во Серија Б постигна 27 голови.