Жолтиот ѕид на испит – Милионерите денес можат да рушат голем рекорд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Борусија Дортмунд немаат изгубено натпревар на домашен терен во 2016-та година, а денес ќе го имаат последниот испит. Им гостува Аугсбург, а ако не изгубат, милионерите ќе го израмнат рекордот од 1965-та кога исто така не беа поразени.

Дури на 24 натпревари Дортмунд не знае за пораз на Вестфален.

„Тој успех нема нема да го оствариме со зборување, туку мораме уште еднаш да дадеме се од себе“, изјави Тухел.

Борусија 1965-та година запиша 15 победи и 3 реми пред своите навивачи, а оваа година има 17 победи и 7 реми, но е во лоша форма. На последните пет натпревари само еднаш победи. Сигурно дека популарниот жолт ѕид ќе грми и ќе се обиде да му помогне на своите фудбалери да се радуваат.