Металург доведе ирански репрезентативец


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Металург своите редови ги засили со нов ракометар. Се работи за Иранецот Амин Јусефинеџад, кој доаѓа од екипата на Шахрдари од Кашан, иранскиот вицешампион.

Јусефинеџад (20 г., 90 кг,, 197 см.) е стандарден сениорски репрезентативец на Иран и игра на позиција лев бек, а со Металург потпиша три иполгодишен договор, кој завршува на 30 јуни 2020 година.

“Кога размислував за почетокот на својата европска кариера, веднаш ми беа посочени Металург и Лино Червар, како средина и тренер најпогодни за работа со млади ракометари. Затоа брзо најдов заеднички јазик со мојот нов клуб и среќен сум што ќе имам можност овде да ги реализирам своите ракометни амбиции. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на тренерот и на раководството на клубот“, изјави Јусефинеџад за официјалниот сајт на РК Металург.