Германскиот Лестер на колена на Алијанц Арена – Баерн Минхен за 45 минути го декласира Лајцпиг (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Преостанатите пет натпревари се одиграа од шеснаесетото коло од Бундеслигата.

Келн ремизира на домашен терен против Баер Леверкузен, 1:1. Двата погодоци беа постигнати во првото полувреме. Модесте во 21-ва минута погоди за водство на Келн. Пред крајот на првото полувреме Вендел го израмни резултатот. Келн во следното коло му гостува на Мајнц, а Баер Леверкузен на домашен терен ќе ја пречека Херта.

Дармштадт повторно запиша пораз. Херта го совлада последнопласираниот на табелата со 2:0. Домашните двата погодоци ги постигнаа во второто полувреме. Платенхардт му донесе водство на Херта. Победата ја обезбеди Калу на асистенција на стрелецот на првиот погодок во 66-та минута. Херта во следното коло ќе игра на гости против Баер Леверкузен, а Дармштадт на домашен терен ќе ја пречека Борусија Менхенгладбах.

Хофенхајм на домашен терен одигра нерешено против Вердер Бремен, 1:1. Вагнер ја затресе мрежата на Вердер во 26-та минута за водство на домашните. Три минути пред крајот на натпреварот Гнабри го спаси Вердер од пораз на денешниот натпревар. Во следното коло Хофенхајм му гостува на Аугсбург, а Вердер на домашен терен ќе ја пречека Борусија Дортмунд.

Фрајбург славеше на гости против Инголштадт со 1:2. Ниедерлехнер во првото полувреме постигна два погодоци во период од седум минути. Првиот го постигна од пенал, а вториот од игра. Во второто полувреме Сутнер го намали водството на гостите, но до крајот на натпреварот не успеаа да израмнат. Инголштадт во следното коло му гостува на Шалке, а Фрајбург ќе го пречека Баерн Минхен.

Баерн Минхен на Алијанц Арена го декласира Лајпциг за само 45 минути, 3:0. Левандовски се закани по голот на Лајпциг, но ја погоди стативата. Неколку секунди подоцна Тиаго Алкантара му донесе водство на баварците. Следуваше шут на Коста кој немаше среќа, ја погоди стативата. Во 25-та минута нов погодок на Алијанц Арена, Алкантара асистент, Чаби Алонсо стрелец. После половина час игра Лајпциг остана со 10 фудбалери на теренот, директен црвен картон доби Форсберг. Пред крајот на првото полувреме Гулашчи направи прекршок во казнениот простор, а Роберт Левандовски беше сигурен од белата точка. Во второто полувреме повторно подобар противник беше Баерн, но немаше промена на резултатот. Баерн Минхен во следното коло му гостува на Фрајбург, а Лајпциг на домашен терен ќе го пречека Ајнтрахт Франкфурт.

 

GOAL HD ALCANTARA THIAGO Bayern Munich 1 – 0 RB… by alexandru-paul29

Xabi Alonso Goal HD – Bayern Munchen 2-0 RB… by denysenathan

Robert Lewandowski Penalty Goal vs Leipzig (3-0) by wittyfu