БОМБА ОД ТОРИНО: Старата дама нуди 100 милиони евра за две ѕвезди


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус и понатаму е доминантен во Серија А, но тие не запираат со засилувањата. Веќе ги договорија пристигнувањата на Витсел од Зенит и Бентанкура од Бока Јуниорс, но тие нема да бидат единствени засилувања.

Имено, Старата Дама на радарот има голем број фудбалери, а „Tuttоsport“ тврди дека големи желби се Тони Крос и Иван Ракитиќ.

Италијанските медиуми, како и шпанските, тврдат дека првиот човек на Јувентус, Бепе Марота за дуото од Реал и Барса веќе подготвил 100 милиони евра.

Потсетуваме, 26-годишниот Германец пред две години пристигна во Реал за 30 милиони евра и веднаш ја докажа класата.

Сигурно дека Старата дама тешко ќе успее да го донесе, додека Ракитиќ исто така пред две години ја засили Барселона за 12 милиони евра помалку.

Хрватскиот репрезентативец се наоѓа во немилост на Луис Енрике и можно е да ја промени средината. Најмногу со неговоти име се поврзува Манчестер Сити, но великодушна понуда од Јувентус би можела се да промени.