Хјустон до победа против Феникс: Харден со одличен натпревар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џејмс Харден го однесе Хјустон до победа против Феникс со 125:111. Тој постигна 27 поени, 5 скокови и 14 асистенции додека кај Феникс најдобар беше Девин Бакер со 28 поени.

Сакраменто беше подобар од Јута со 94:93. Домаќините беа подобри во поголемиот дел од натпреварот, но гостите од Калифорнија успеаа да ја стигнат разликата во последната четвртина.

ДеМаркус Казинс постигна 21 поен, 8 скокови и 3 асистенции.

Далас победи против Портланд со 96:95, а до победа ги однесе Барнс со 28 поени и 7 скокови.

Останати резултати:

Кливленд – Милвоки 113:102
Атланта – Минесота 84:92
Детроит – Мемфис 86:98
Чикаго – Вашингтон 97:107
Њу Орлеанс – Оклахома 110:121
Феникс – Хјустон 111:125