Видал ги прифаќа критиките и сака ЛШ титула оваа сезона!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Баерн го победи Лајпциг со 3:0 и стана зимски шампион во Бундеслигата. А тренерот Анчелоти го критикуваше Артуро Видал.

Анчелоти рече дека не играше добро и дека треба да се бара замена за него, но исто така изјави дека очекува и промени во играта на Видал.

„Во ред е кога ме критикуваат. Досега ме немаа критикувано. Се трудам да играм најдобро што можам. Нема проблеми и Анчелоти е број еден, верувам дека ќе освоиме ЛШ“ – вели Видал.

„Се радувам на празниците. Нема да патувам во Чиле, имам 15 дена одмор и ќе ги искористам да се одморам.“ – вели Видал