Победа го договори и третото засилување за во зимскиот преоден рок


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Прилепскиот прволигаш во текот на денешниот ден го договори третото засилување за пролетниот дел на првенството. Нов член на Победа е 28-годишниот Благојче Коњарски кој доаѓа од битолски Плеистер. Дефанзивниот и централен играч за врска претходно настапувал за повеќе наши клубови:Македонија ЃП, Силекс, Напредок и Беласица. Пртетходно Победа ги договори бразилскиот шпиц Уемерсон Рамон и српскиот играч заврска Милан Војводиќ.
-Покрај ангажманот на Рамон, Војводиќ и Коњарски разговараме со српскиот интернационалец Мирослав Станиќ и уште со 4-5 македонски фудбалери. Можам да кажам дека за услугите на двајца наши првотимци Никола Шаркоски и Јорданчо Наумоски постои интерес од неколку странски клубови.
Победа стартот на подготовките го закажа за 8-ми јануари. Првата фаза ќе се реализира во Прилеп, а од 27-ми јануари екипата ќе замине на подготовки во Охрид. За време на оваа фаза од подготовките ќе се работи на техничко-тактички план и ќе бидат одиграни повеќе пријателски натпревари. Засега се договорени натпревари со српските прволигаши Младост Лучани и Јавор Ивањица како и босанскиот прволигаш Крупа од Врбас.