„Мото ГП е во златна ера“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Возачот на Дукати, Хорхе Лоренцо смета дека Мото ГП караванот е во златна ера.

„Ова е златна ера, погледнете колку мотори има, погледнете колку победнички тимови има, а се врати Сузуки, се враќа КТМ, се враќа и Априлија.“

Лоренцо се потсети и на претходните години.

„Сетете се кога имаше само 17 мотори и кога само 2 или 3 возачи можеа да се борат за победа. Сега, имате 23 мотори и 18 кои можат на секоја трка да се борат за подиум.“