„Кармело е најдобриот играч во напад и најлошиот играч во одбрана“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот тренер на Денвер, Џорџ Карл во својата автобиографија имаше различни ставови на сметка на својот играч, Кармело Ентони.

Ентони и Карл соработуваа 6 сезони, а освен пофалби на сметка на неговата напаѓачка игра, Карл има и сериозни критики за неговата игра во одбрана.

„Кармело за мене беше вистинска сложувалка во текот на сите 6 години. Тој е најдобриот напаѓачки играч кој го имам тренирано.“

„Но исто така, тој ги искористуваше луѓето, сакаше да биде во центар на внимание.“

„Навистина ме нервираше кога играше во одбрана. Воопшто не го интересираше потешкиот дел од работата.“

Ентони во 2011 година замина во Њујорк, а неговото заминување Карл го опиша како олеснување.

Поранешниот тренер на Денвер не штедеше зборови ниту за Џеј Ар Смит и Мартин, а ги нарече „разгалени деца кои може да ги најдете во јуниорски голф или тенис“.