Од неподвижно дете до Ол-Стар: Патот на еден од најдобрите кошаркари на Далас


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Имаше удар кој е огледало на роден стрелец. Имаше инстинкт, чувство, мозок, но и една од најголемите желби за успех и победи кои НБА ги виде некогаш.

Џош Хауард имаше многу потежок пат во светот на професионалните кошаркари. Тоа секако се покажа на дело подоцна, кога телото почна да го предава и едноставно не можеше долго да остане на нивото на кое што беше.

Избран беше на драфтот во 2003 година од Далас Маверикс како последен избор во првата рунда. Иако не му беше јасно зошто не беше избран многу порано, сите присутни во салата го забележаа неговото лице измиено во солзи.

„Ова е олеснување. Конечно сум во состојба да се грижам за семејството и живеам еден од своите соништа, а тоа е да се занимавам со спортот професионално. Ја немаат таа привилегија многу луѓе, а тоа е благослов на кој сум благодарен.“

2005/06 година даде голем допринос за екипата со повеќе од 20 поени во просек, но врвот го доживеа наредната сезона. Цела сезона беше големо постигнување за екипата, но и за Хауард.
.

Прв пат во кариерата беше избран на Ол-Стар натпреварот заедно со колегата од екипата, легендарниот Дирк Новицки. Таа сезона Далас имаше резултат од 65-17, но беа елиминирани во првата рунда во плеј-оф од Голден Стејт.

Наредната година статистички најдобра беше во неговата кариера кога постигна 19.9 поени по натпревар, 7 скокови и 2.2 асистенции. Во плеј-оф во првото коло го победија Сан Антонио, но беа исфрлени од Денвер во наредното коло.

Тој играше уште и за Вашингтон, Јута, Минесота и за Остин Торос.

Почетокот беше како од кошмар.

Сепак, тоа што неговата приказна ја прави уште подобра и поважна е почетокот на неговиот живот.

Хауард е роден со изместени колкови и колена.

Лекарите го следеле неговиот случај и морале да ми скршат некои коски затоа што биле премногу криви, односно да ги наместат правилно за да може тој да се движи.

Некои од прогнозите оделе толку далеку што велеле дека Хауард можеби никогаш нема да оди нормално.

Татко му го запозна кога имал 8 години, а мајка му и баба му кои го пораснале, инсистирале за викенд тој да оди во црковен хор, а тој го користел тоа за да оди и да игра кошарка.