„Целата генерација на фамилијата Оскар ќе биде задоволна“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Коментар на трансферот на Оскар во кинески Шангај СИПГ даде и тренерот на Ливерпул Јирген Клоп.

Бразилецот се одлучи да го напушти Челси и да го засили Шангај кој ќе го направи најплатен фудбалер на светот, а неговата година плата ќе изнесува неверојатни 20.8 милиони евра.

Меѓу тие кои не ја сфаќаат одлуката на Оскар е и Јирген Клоп, кој смета дека и на европските терени може да се заработи сосема доволно.

„Во секоја европска лига може да се заработат многу пари и да се стане многу богат, поготово кога си класа. Немам поим зошто луѓето прават такви одлуки“, го искоментира Клоп трансферот на Оскар и додаде:

„За мене тоа сигурно не би било опција, но секој го прави тоа што мисли дека е најдобро за него. Се надевам дека нема да се покае. Сите генерации на фамилијата Оскар ќе бидат многу задоволни со неговата одлука, никогаш нема да имаат проблем со парите“, се пошегува германскиот тренер.

Во новиот клуб Оскар ќе ја дели соблекувалната со Хулк со кого од порано се познава од репрезентацијата на Бразил.