Вестбрук брилијантно до 14-ти трипл дабл: Кливленд и Голден Стејт стигнаа до победи


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дури 14 натпревари беа одиграни во НБА лигата.

Ноќта која помина беше во знак на Расел Вестбрук, кој го постигна 14-от трипл-дабл во сезоната.

Најдобриот играч на Оклахома одигра уште еден неверојатен натпревар, а постигна 45 поени, 11 скокови и 11 асистенции.

Тоа беше доволно за победа на неговиот тим против Бостон со 117:112.

Со 34 поени и 10 успешни додавања, Исаија Томас беше најдобар играч кај Бостон.

Трипл-дабл имаше и Николас Батум, со 20 поени, 11 скокови и 10 асистенции. Тој беше најзаслужен за победата на Шарлот против Чикаго од 103:91. Во редовите на Чикаго најдобар беше Џими Батлер со 26 поени.

Кливленд на домашен терен го победи Бруклин со 119:99. Дури 7 играчи на Кливленд имаа двоцифрен број на поени, а најдобар беше Леброн Џејмс со 19  поени. Томпсон постигна 16 поени и 11 скокови додека Кевин Лав покрај 14 поени, имаше и 15 украдени топки.

Голден Стејт стигна до победа против Деторит со 119:113, по одличната игра на Кевин Дурант со 32 поени и 8 скокови, и Стеф Кари со 25 поени и 8 асистенции.

Останати резултати:

Орландо – Лејкерс 109:90
Мемфис – Хјустон 115:109
Милвоки – Вашингтон 123:96
Минесота – Сакраменто 105:109
Њу Орлеанс – Мајами 91:87
Денвер – Атланта 108:109
Феникс – Филаделфија 123:116
Јута – Торонто 98:104
Портланд – Сан Антонио 90:110
Клиперс – Далас 88:90