„Истанбул останува домаќин на Ф4 во Евролигата“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Претседателот на Евролигата, Бартомеу изјави дека Ф4 оваа година ќе се игра во Истанбул и покрај честите терористички закани и напади во најголемиот град во Турција.

„Загрижени сме, секако. Статистички гледано Турција ги има најлошите бројки кога станува збор за терористички закани. Нема да се откажеме од Истанбул, нема да се повлечеме.“

Ф4 во Евролигата ќе се игра од 19 до 21 мај 2017 година.

„Ние имаме безбедносни гаранции од највисоките органи во Турција, а податокот дека навивачите ги купија сите влезници во рок од час и пол е најмоќната порака која може да биде испратена.“