Чудна и емотивна приказна за фудбалот на Божиќ 1914


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Приказната за мир на Божиќ во 1914 година, на самиот почеток на Првата светска војна е една од најемотивните и многу историчари се сложуваат со тврдењата дека тој настан можел да смени многу работи.

На западниот фронт на Божиќ исцрпени во ровови и меѓусебни битки војниците на Германија и Англија одлучиле да ја прекинат војната и на неколку часови да уживаат во заедничко дружење и играње фудбал.

На Бадник германските војници во рововите околу белгиски град ги кителе боровите и пееле божиќни песни. Поставувале притоа свеќи околу своите ровови и положби. Исто започнале да прават и Англичаните од другата страна, а започнал и разговор, па си честитале сите Божиќ.

Капетанот на Кралскиот полк од Варвикшајр, Роберт Хамилтон го запишал следново во својот дневник.

„Се најдов со капетанот на 134 Саксонски корпус кој беше целосно наоружан. Покажав на неговиот пиштол и торба. Тој се насмеа и кога виде дека јас не сум наоружан, рече дека се е во ред. Се ракувавме и се договоривме на 48-часовен мир и се вративме во рововите.“

Се одиграл и пријателски натпревар во тие моменти. Резултатот бил 3:2 за Германците.