Изгледа дојде крај на кинеското расцепување: Одлука која нема да им се допаѓа на клубовите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


После што во година дена остварија неколку рекордни трансфрери, се чини дека наскоро ќе дојде крај на кинеското расцепување.

Имено, Кинескиот фудбалски сојуз (ЦФА) се одлучи да го намали бројот на странци што локалните прволигаши ќе смеат да ги ангажираат од пет на четири со цел да се заузда нивното трошење.

„Врвни странски играчи го подигнаа квалитетот на лигата, но нивното доведување креира голем финансиски терен и намалување на шансата за играње на домашни играчи“, објави ЦФА.

Кинеските прволигаши во оваа година потрошија повеќе од 400 милиони долари во трансфери на играчи, а најскапи беа тие на бразилските репрезентативци Оскар и Хулк.

Шангај СИПГ во петокот потпиша со Оскар за 60 милиони евра, а порано го доведоа Хулк за 55.8 милиони евра.