Еве зошто победата на Исланд над Англија е далеку поголема отколку што е


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Репрезентацијата на Исланд, направи сензација во нокаут фазата од ЕП во Франција, совладувајќи ја селекцијата на Англија со резултат 2:1.

Фидбалот победи, а некои факти за победата на Исланд ја прават уште поголема.

Исланд е држава со нешто повеќе од 300 000 жители, додека Англија има преку 54 милиони жители.

Фудбалерите на Англија, според трансфермаркт вредат вкупно 477 милиони евра, додека селекцијата на Исланд е проценета на 44 милиони евра.

Тоа што е секако интересно е, дека стручнакот на Англија, Хоџсон годишно заработува 4.6 милиони долари, додека на другата страна, селекторот на Исланд Хеимир Галгримсон во слободно време работи како забар.