Ладен туш за Јувентус за Витсел! Зенит најде купувач – веднаш 25 милиони евра?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Старата дама не може финансиски да му парира на оваа понуда, на белгиецот му нудат неверојатни 12 милиони евра по сезона.

Сагата помеѓу Јувентус и Витсел нема да биде завршена оваа зима, а како што работите стојат работата може да се заврши така што белгиецот нема да го облече дресот на бјанконерите. Од Русија стигнаа информации дека на Зенит за Витсел му стигнала понуда од кинескиот Шангај СИПГ.

Јувентус подолго од една година го сака Витсел, во летото можеше да дојде до трансфер, но Зенит го спречи тоа. Витсел остана во Санкт Петербург и влезе во последната година од договорот. Јувентус се обидуваше да направи поголем притисок оваа зима и да го натера Зенит да го продаде Витсел за 6 милиони евра. Русија не го сакаа тоа и влегоа во ризик на крајот на сезоната да го пуштат бесплатно, но тој ризик би можел да им се исплати.

Се појави пребогата понуда од Шангај на која Јувентус не може да парира. Кинескиот клуб на Зенит му нуди 25 милиони евра.

Исто така фантастична понуда на маса и за самиот Витсел. На белгиецот му нудат 12 милиони евра по сезона. Тоа е дупло од она што го спреми Јувентус. Шангај има уште еден ас во ракавот. Новиот тренер на овој клуб е Андре Вилаш Боаш кој го тренираше Витсел две години во Зенит и сега го повикува да ја продолжат соработката. Во кинескиот клуб е и поранешниот соиграч на Зенит, Хулк, а неодамна како големо засилување пристигна Оскар од Челси.