Јувентус договори одличен трансфер: Стигнува наследникот на Барзаљи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус ништо не препушта на случајот и изгледа дека пристапи кон доведување на засилувања сериозно од било кога.

Имено, актулениот шампион на Италија го договори трансферот на Матија Калдара. Старата дама наскоро ќе го објави ова и официјално, а интересно е дека дефанзивецот на Аталанта нема одма да премине во Торино.

Планирано е редовите на Аталанта да ги засили во 2018 година, кога ќе истече и договорот на Андреа Барзаљи, одличниот дефанзивец кој во италијанскиот шампион е уште од 2011 година.

Италијанските медиуми тврдат дека Старата дама за 22-годишниот дефанзивец ќе плати на тимот од Бергамо 15 милиони евра со дополнителни бонуси.